Во Скопје... |
Во Скопје... За жал, (или за среќа, кој како милува) во Скопје а и во државава постојат некои глупави непишани правила и дефиниции, изместени вредности... ...и поделби. Народот жеден за трач и сеир, дискриминаторски им го одредува стилот, карактерот и однесувањето на другите по свој вкус и лични убедувања. Особено постарите генерации имаат воведено некои “дефиниции“ и за секој кој е поразличен од масата, се лепи по некоја етикета, но ајде, ќе си речеш - времињата се менуваат, во нивно време било така. Жално е што многу млади имаат денес кратковиди гледишта и прават непотребни поделби. Доволно е еден да „пушти муабет“ и веднаш некој е обележан како “ваков или онаков“... Еве неколку скопски митови кои според мене се производ на се што наведов погоре:
Лошо е што некои поединци плашејќи се да не бидат етикетирани и објаснети со некоја од дефинициите погоре, уште повеќе се резилат пробувајќи да се вклопат во толпата. Еве неколку типични примери, на кои лично јас или мои блиски биле сведок: - Врв на фраерлукот е кога тип пред другарите откачува некоја “досадна“ девојка со излитена фора од типот на - Маче ќе ти се јавам. - Ама ми немаш број.... - Ако ни било судено да бидеме заедно ќе го погодам. А кај девојките - Девојко лична карта имаш? - Немам, па од мене полична има ли. - Иако не знаеш ни што значат некои работи, за да бидеш шема, ги нарачуваш во кафич. - Дај ми едно мартини - Со шеќер или без? - Па...клај две лајци. Или втора опција - Па...средно. - А има и од типот - дајте ми макијато без шлаг. - Да работиш како келнер/ка во врвен ресторан/кафич доволно е само да имаш желба (ова ми се случи пред некое време, ја прашувам келнерката во врвен ресторан - Девојко свежи ви се печурките? - Како тоа мислиш свежи? - Па дали се свежи или маринирани? -Ааа, па тазе се, свежи. Прееска ја купивме теглата) - Има многу што се истрескале дека биле на Дј Пласибо (коа беа на концерт овде) или на ДЈ Душко Кулиш од Словенија во Колосеум. - И викам на познаничка - Ја слушам Холивуд од Бастион, јака песна... - Ај ма срцка, не биди проста, Бастион е кафич у Дебар маало. - А најврх дешавка слушнав и видов во Тhe club, едно од омилените скопски клупчиња, кое за жал веќе не постои. Вечерта музика пушташе Зоки Бејбе, атомсфера топ, одам накај тоалет, гледам една накитена ко новогодишна елка, се мачи да фати мрежа на телефонот и и се јавува на другарка и - Мацо ма доаѓај у ова клабов карши пазарче, има гоа транс, пушта на Весна Петрушевска маж и, ептен е психоделично. (Немам Зборови) Наравоучение: Затоа мили мои, не дозволувајте скопските безврска муабети и трачеви да допираат до вас, не придавајте етикети на тие околу вас, не дозволувајте да живеете по тие непишани правила и кодекси за “скопска морална вредност“. Бидете свои, правете што ви се прави, не потпаѓајќи под влијание на масата. Скопје е убав, суров, сериозен и духовит, на моменти делува светски, но на моменти е мало село. Знае да те извади од такт, но и да ти ја врати желбата за живот. Ти дава чувство на припаѓање, од каде и да си дошол. Спој е на традиционалното и модерното, може да нè однесе во најнестварни расположенија и уште повеќе нестварни места. Затоа, да не дозволиме градот да пати поради нашите извртени етикети и дефиниции за однесување и чаршиско - муабетска хиерархија на луѓето кои тука живеат. Автор: Тина Мицковска |