Tuesday, April 19, 2011

Месец АПРИЛ

   Во Април се случуваат два најинтересни празници по мене. Првиот е 1 Април, денот на шегата, денот кога малите деца се најрадосни во нивните маски, а и ден кога големите „деца“ имаат можност да се маскираат. Вториот празник е религиозен, големиот Христијански празник, Воскресение Христово - ВЕЛИГДЕН.

 Овој месец ВЕЛИГДЕН почнува од 21 Април - Велики Четврток, а завршува во Вторник - Воскресение Христово 3 ден. На сите веќе ни се добро познати обичаите врзани за овој празник, Кога се вапцува првото јајце, на кој начин и така натака, јас нема да обрнам внимание на тој момент, поради самиот факт што јас сум млада домаќинка и млада мајка, на која и е повеќе од драгоцено времето да поспие наутро, отколку да стане во ниедно време за да извапца три јајца. Не се правдам себе си, туку сум искрена и си признавам дека јас тоа не го правам, едноставно ги вапцувам јајцата кога можам, а тоа најчесто е во Четврток по ручек или во Петок. Сега па откако ја имам Мина, времето ми е се помало. НО како и да е стигам да ги вапцам сите јајца и сега ќе посветам внимание на тоа како јас тоа го правам.

 Користам разновидни бои за фарбање, но веќе неколку години по ред многу сум задоволна од грчките фарби за јајца кои ги купувам во Веро Маркетите.  Начинот на фарбање е следен: -Јајцата ги ставам во големо тенџере во кое имам ставено крпа и тоа фротирна подебела, ги редам јајцата така да не се притискаат едно со друго, ги покривам со крпата и со капакот од тенџерето. Ги преливам со врела вода. Ги ставам на загреана рингла на 1 или ако поспоро загрева ринглата тогаш може и на појако 2 или 2 и половина. Ги оставам да се варат 1час или час и половина. Од како ќе ги сварам ги тргам од ринглата, но ги оставам јајцата да си стојат во врелата вода. Овој процес го правам во четврток наутро, за да можам во четврток по ручек да си ги офарбам.

 Следно спремање на бојата за фарбање. На сите фарби пишува да  се стави бојата дирекно во јајцата каде се варат. Јас тоа не го правам така. Мојот начин е можеби посложен, но затоа јајцата добиваат убава јака боја. И претежно користам јајца со бела лушпа.

Во едно поголемо ѓезве полнам вода до половина на истото, ставам една лажица оцет и тоа вински или алкохолен, и го ставам целото кесе боја, оставам да зоврие бојата, тоа се случува многу брзо, поради тоа што работам на веќе загреана рингла. Откако бојата е веќе зовриена земам едно јајце и го ставам полека и внимателно во фарбата, го враќам ѓезвето на рингла и чекам уште малку да проврие јајцето во бојата, проверувам со малку подигање на јајцето, дали е офарбано, ако е офарбано, го вадам и го ставам во хартиената корпа за јајца (онаа во која сум ги купила јајцата) но одоздола е поставена хартиена салфетка, за да може јајцето да се исцеди и исуши со бојата, без да се залепи или оштети. Тоа го правам со сите јајца.

Ги фарбам во најразлични бои, човек сум кој ги сака сите бои, сакам шарено, секогаш шареното ми е повесело.

Потоа откако ќе ги офарбам сите јајца пристапувам кон нивно декорирање. Порано кога имав многу повеќе време, декорирањето го правев неколку дена, но сега тоа ќе биде пократко и поедноставно. За декорација користев најразлични декоративни елементи, како например лакови за нокти, глитер фломастери, монистри, штрас, светки, машни, пердуви, и се што може да се искористи како декоративен елемент.

Потребно е само човек да е малку покреативен. Ако ми дозволи Мина и времето со неа, ќе пробам да го фотографирам начинот на фарбање и декорирање и да поставам фотки од самиот процес (но не ветувам :) )

Велигденски Јајца 2009година:

Велигденски Јајца 2008 година:



И еве неколку уникатни и креативни идеи најдени на интернет:








22.Aприл.2011-17:15ч.
Реков дека ќе пробам да исфотографирам процес на декорирање на јајце, ама не успеав, негде на сред пат едноставно заборавив :) И оваа година не успеав да ги издекорирам јајцата и нивното поставување онака како што сакав, но здравје, ќе има и други години.
Еве какви се јајцата на Фам. Цветковиќ за оваа година:
На тато и Мина им се допаднаа, а за другите па и не е толку важно :)
Среќен Празник. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ - ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ

.....................................................................................................................................................................

Маскембал
Знам дека доцнам со постов за маскембалот, но сепак ќе поставам неколку интересни маски колку за инспирација за наредниот маскембал.
Маски за големи деца:
 Секогаш има многу повеќе избор за жените :) :
За малечките и најслатки:

Сите овие маски може да се порачаат преку www.amazon.com или www.amazon.co.uk, www.ebay.com или www.ebay.co.uk, www.electriqueboutique.com. Скоро сите од нив се испорачуваат во Макеоднија и нема да верувате, ама може да најдете многу ефтини костуми за маскирање. Јас го искористив www.ebay.co.uk за моето сонце Мина и и го порачав ова:

                             Baby Pink Tutu Ballet Ballerina Dance Costume



Оригинален балет костум кој што можеме да го користиме и во случај Мина да покаже интерест за балет. Ме чинеше 7,98 фунти и стигна за 7 дена. Точно пред маскембалот. Иако јас и бев порачала претходно, кај шнајдерката Лили едно туту сукњиче, во кое излгедаше исто така прекрасно:

Сепак мама реши да ја облече во балет комплетот со розеви крилца кој ги добивме на роденден од вујче Оле и Лиде (им благодариме) и Мина беше розева пеперутка балерина.

Friday, April 15, 2011

Chevli, konduri, chizmi, sandali ..... Mora da gi imam site :)

     Mojot prv post kje go posvetam na obuvkite. Najvaznite, najceneti, dragoceni, slatki, mili, najubavi obuvki.
I jas kako povekjeto zeni, sakam da poseduvam edna ogromna soba so polici na koj kje bidat naredeni eden mal milion obuvki. Tvrdam deka ova e son na povekjeto zeni :) Nekoj mozat da si go dozvolat, no povekjeto ne. Kako i da e jas si napraviv selekcija na obuvki koj mene lichno mi se dopagjaat. Gi ima vo razlichen oblik, dizajn, boja, visina na shtikla i sl.
Podelbata na obuvkite ja zemav od www.amazon.com i odi vaka:
-Atletski; -Chizmi; -Svadbeni; -Maskembal; -Espadrili; -Patiki; -Ramni/baletanki; -So vrvci; -Mokasini i papuchi; -Klompi i vlechki; -Shtikli; -Sandali; -Sportski; -Sigurnosni Ortopedski.......
a pod sekoja kategorija ima pod kategorii, no ne bi sakala da gi redam, premnogu se.
Malku istorija:
Prvite pronajdeni obuvki bile sandali, koj datirale od pred 8000g. B.C. bile pronajdeni vo Oregon-USA 1938 godina. Najstarite kozni obuvki koj bile napraveni od koza od govedo i soshieni so kozna vrvca  bile pronajdeni vo Ermenija vo 2008g. i se pretpostavuva deka datiraat od pred 3500g.B.C. Prvite dizajni na obuvki bile ednostavni, lichele na kozni vrekji, koj shto sluzele da gi zashitituvaat nozete od kamenja, ladno i sl. 
Epa povelete i poglednete kakov e mojot vkus za obuvki.
Prvi kje gi postavam Sandalite, i toa onie so cel topuk, puna peta sandali, moj omileni, ednostavno gi obozuvam ili na drug nachin recheno jas sum nivni fan :) Mora da se pofalam deka imam nekolku para, koga kje gi fotografiram kje gi postavam ovde, kako del od site ovie shto bi sakala da gi poseduvam hehehe.





Obuvki so shtikla, taka narecheni "salonki" no vo razlichni vidovi :)




Visoki i niski chizmi

Thursday, April 14, 2011

Zdravo na site / Hi to all

  Ova e moj prv obid da napravam sopstven blog, odamna go mislev, no ete bash sega beshe moment toa da go storam. Temi od razlichen tip. Shto na um to na drum :) ne bash taka, no kje ima temi od se, ona shto mene lichno me interesira, kreativni raboti, art, moda, vnatreshno ureduvanje, arhitektura, rachno izraboteni predmeti i mnogu mnogu drugi raboti. Epa ajde da pochnam i da si posakam prijatna rabota.